Фудбал
Уште еден пораз на Барса, Наполи рутински до победа, драма во Англија
Вечерва се одигра и преостанатите натпревари од 5. коло од Лигата на шампиопните.
Барселона беше поразена на домашен терен од Баерн со 3:0.
Баварците рано го отвориа натпреварот уште во 10. минута, а водството на германскиот тим од 1:0 му го донесе Мане. Во 31. минута од натпреварот Чупо-Мотинг зголеми на 2:0.
Разиграниот Баерн ја затресе мрежата на Барселона и во 56. минута од натпреварот. Гнабри постигна гол, но ВАР го поништи голот поради офсајд.
Точка на натпреварот стави Павард кој по асистенција на Гнабр, на самиот крај на натпреварот, односно во 95. минута, постигна гол за 3:0.
Наполи одигра одличен натпревар и издвојува рутинска победа на Ренџерс.
Симеоне во 11. минута од натпреварот му носи водство на Наполи од 1:0, а пет минути подоцна истиот играч да го зголемува водството на 2:0.
Остигард во 80. минута од натпреваролт ги постави конечните 3:0.
Вистинска драма се случуваше во на мечот Тотенхем – Спортинг.
Едвардс во 22. минута ја затресе мрежата на домаќинот и му донесе водство на Спортинг од 0:1. Овој резултат остана речиси до самиот крај на натпреваротр.
Во 80. минута Бентакур беше прецизен и го изедначи резултатот на 1:1. кој воедно беше и конечен резултата на овој натпревар
Меѓутоа, вистинска драма се случи на самиот крај на натпреварот, кога Кејн погоди за 2:1 и големо славје на домашникте навивачи, но сето тоа кратко траеше бидејќи ВАР го поништи неговиот гол поради офсајд.
Конте не можеше да го задржи својот гнев поради оваа одлука на ВАР и заработи црвен картон поради приговори копн судијата.
Целата ситуација можете да ја погледнете со кликнување тука.