Connect with us

Кошарка

Уште еден славен спортист, роден во Русија, облече униформа и замина во војна, ќе ја брани Украина (ФОТО)

Како и многу други, славниот и легендарен поранешен кошаркар Александар Волков (57) не ги набљудувал смирено случувањата во Украина. Војната во Украина поттикна многу поранешни спортисти, вклучително и браќата Кличко, Усик и Стаховски, со или без воена обука, да тргнат на линија за да ја одбранат својата земја од руската инвазија. Таков е случајот и со „Саша“ Волков, поранешен олимписки шампион со кошаркарскиот тим на СССР на Олимпијадата во Сеул во 1988 година.

Жорди Вилакампа, поранешниот ривал на Волков од 80-тите и 90-тите, објави две фотографии, едната од 2006 година, со поранешен украински кошаркар, а другата нова, со Александар Волков облечен во воена униформа и со пушка во рацете.

„Ужас“, напиша Вилакампа на својот Твитер профил.

Волков беше еден од првите Европејци што влезе во НБА во 1989 година, кога играше за Атланта Хокс. Играше и за Будивелник Киев, ЦСКА Москва, Панатинаикос, Олимпијакос и Реџо Калабри.

По пензионирањето беше министер за спорт на Украина и претседател на Кошаркарскиот сојуз.

Најголемиот успех во неговата кариера е освојувањето злато на Игрите во Сеул во 1988 година, откако тогашниот СССР во финалето ја совлада Југославија со 76:63. Во 1991 година, поранешниот центар беше избран меѓу 50-те најдобри кошаркари во историјата.

Интересно, тој е Украинец кој е роден во Русија, но не размислувал многу откако започнала несреќната војна. Сега, со многу сонародници, тој се обидува да се спаси од руските напади кои траат повеќе од две недели.