Connect with us

Кошарка

Уште еден во Лејкерс има коронавирус

Во здравствените и безбедносните протоколи влезе и чуварот на Лос Анџелес Лејкерс, Ражон Рондо, објави тимот во неделата.

35-годишниот Рондо не играше за својот тим во поразот на домашен терен со 115:122 од Бруклин Нетс во саботата. Ова беше петти последователен пораз за Лејкерси.

Рондо беше во Ол-стар тимот 4 пати и имаше просек од 3,1 поен, 2,7 скока и 3,7 асистенции во 18 натпревари оваа сезона.

Рондо им се придружи на Тревор Ариза, Кент Бејзмор, Остин Ривс и тренерот Френк Вогел за КОВИД-19 во Лејкерс.