Фудбал
Уште една голема трагедија во семејството на Марадона
Нешто повеќе од една година по смртта на Диего Марадона, еден од неговите двајца браќа, Хуго, почина на 52-годишна возраст. Третиот брат им е жив – Раул, кој има 55 години, а имаат и пет сестри.
Марадона доживеа срцев удар околу пладне по локално време во неговата куќа во Монте ди Процида во провинцијата Неапол, а лекарите кои пристигнале на местото на настанот само ја констатирале неговата смрт.
Хуго, познат по прекарот Ел Турко, исто така бил фудбалер, а во текот на својата кариера играл во Јужна Америка, Италија, Шпанија, Австрија, Јапонија и Канада. Тој го носеше дресот на Аргентинос Јуниорс, Асколи, Рајо Ваљекано, Рапид Виена и други.
Братот на Христо Стоичков, Цанко, со објава на социјалните мрежи изрази сочувство по смртта на Хуго Марадона, со кој беа блиски пријатели.