Connect with us

Фудбал

Уште една повреда на Лукаку. Белгиецот ги пропушта двата големи меча, а и Мундијалот е под прашалник

За Ромелу Лукаку нема мир. Белгискиот напаѓач штотуку се врати од повредата на левата тетива и повторно беше принуден да прекине поради миотендиноза на тетивата во истата бутина. Симоне Инзаги го губи за натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен и речиси сигурно против Јувентус. Интер најавува дека ситуацујата на Лукаку ќе бидат преценети за неколку дена. Постои конкретна можност првиот дел од сезоната за него да е веќе завршен.

Досегашното враќање на црно беше разочарување за „Биг Ром“. Само 5 настапи, 4 во Серија А и еден во Лигата на шампионите, против Викторија Плзен, каде го најде голот по два месеци отсуство. И да се мисли дека почетокот на сезоната се совпадна со гол против Лече во првата недела, а потоа 60 дена на теренот за вкупно 12 пртопуштени натпревари.

Враќањето во Лигата на шампионите, минатата среда, го одбележа неговиот гол во победата од 4-0 и уште 22 минути во саботата против Сампдорија. Инзаги мислеше дека ја нашол својата напаѓачка референца, која би сакал да му даде поголема минутажа против Баерн Минхен, а потоа да го искористи како стартер против Јувентус.

Ништо од ова, сепак ќе им биде оставено на Лаутаро Мартинез, Џеко и Кореа да го закотвуваат нападот на Интер, со надеж дека од јануари наваму Лукаку конечно ќе го најде здравјето и формата потребни за вториот дел од сезоната како протагонист.

Белгија е исто така загрижена. Ваквото повредае еден месец пред Светското првенство не е на добро, бидејќи зафатениот екстремитет е ист како повредата во август. Во наредните денови ќе се знае повеќе, заинтересиран е дури и тренерот Мартинез.