Connect with us

Фудбал

Уште едно одбивање: Каде ќе заврши Давид Алаба?

Давид Алаба го напушта Баерн Минхен на крајот на сезоната.

По неуспешните преговори со управата на баварскиот гигант, дојде време е да се збогуваат и Австриецот од следното лето ќе носи дрес на друг клуб.

Алаба веќе е контактиран од тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Сепак, платата што ја бара (20 милиони евра плус бонуси за агентот Пини Захави и неговото семејство) е премногу за кралевите.

Ова значи дека австрискиот дефанзивец веројатно нема да го видиме ниту во дресот на Реал Мадрид. Засега најсигурна опција за него е ПСЖ, кој е подготвен да му плати се што сака.

Се споменува и Челси, но немаше конкретни преговори со лондонскиот клуб.