Фудбал
Уште едно враќање во Шалке?
Редовите на Шалке би можеле да се засилат со бразилскиот интернационалец Рафиња.
Откако босанскиот репрезентативец Сеад Колашинац се врати во Шалке, а Клас-Јан Хунтелар би можел да го стори истото, челниците на Шалке ќе се обидат да го вратат Рафиња во своите редови.
Имено, тој е играч на грчки Олимпијакос кој играше за Шалке од 2005 до 2010 година. Тој има договор со грчкиот клуб до 2022 година, но наводно може да го раскине во овој или во следниот преоден рок.
Челниците на Шалке контактираа со него, тој нема ништо против да се врати на местото на старата слава, па реализацијата на овој трансфер е скоро сигурна.
Освен Шалке и Олимпијакос, Рафиња во досегашната кариера играше за Коритиба, Џеонова, Фламенго и Баерн.