Ракомет
Уште едно заминување од Вардар
По само неколку месеци, авантурата на Артурс Кугис во Вардар завршува неславно. Летонскиот голман нема да биде повеќе дел од актуелниот европски првак. Тој веќе бара нов клуб.
Во Вардар се надеваа дека тој ќе биде голема и достојна замена за Милосављев, но на крајот немаше забележителни настапи и квалитет.
Како што е познато од утре на тренинзите на Вардар треба да се приклучи македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски.