Connect with us

Фудбал

Утрово дојде изненадувачката вест за трансферот на Кристијано Роналдо

Се уште постои можност Кристијано Роналдо да го напушти Манчестер Јунајтед.

Во најсилните европски лиги заврши преодниот рок, додека на пример во Турција се уште е отворен фудбалскиот пазар.

Токму од Турција пристигнува малку неверојатната и нереална вест за евентуалниот трансфер на Роналдо во ништо помалку од Фенербахче.

Веста ја пренесоа турските медиуми велејќи дека клучен човек за реализација на оваа работа треба да биде Хорхе Жесус, познатиот тренер кој има одлични односи со Португалецот.

Така, локалниот весник Ајанспор тврди дека двете страни се договориле за трансферот и дека има начелен договор за бомбата на векот во Турција.

Сепак, оваа вест треба да се сфати со голема претпазливост, бидејќи досега имаше многу случаи кога турските медиуми тврдеа дека некоја работа е завршена, а на крајот се ќе пропадне.

Тен Хег вели дека останува

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хег, е убеден дека Роналдо ќе ја игра цела сезона во дресот на „црвените ѓаволи“ и му испрати јасна порака.

„Ќе бидам негов пријател, понекогаш ќе му бидам и учител, зависи од ситуацијата. Како што знаеме, тој не беше на подготовките и на летната турнеја, а без подготовка не можете да играте“, изјави Тен Хаг пред дербито со Арсенал.

„Ќе видиме. Неговата минутажа ќе зависи од ситуацијата и барањата на натпреварите и секако од неговата физичка подготвеност“, додаде Холанѓанецот.

Инаку, Роналдо се уште го чека дебито во новата сезона.