Тајмаут
Ужас за ушите, но во кревет ја има голата Ванда Нара, видео кое е прегледано неколку милиони пати (ВИДЕО)
Контроверзната аргентинска менаџерка Ванда Нара пред неколку недели објави дека се разведува од сопругот, напаѓачот Мауро Икарди, но се чини дека нема уште долго да биде сама.
Паралелно со таа „брачна драма“, Ванда е многу активна во јавниот живот, учествува во ток-шоу, а сега се шпекулира дека добро и оди во љубовниот живот бидејќи наводно е во врска со популарниот колумбиски пејач Л-Ганте.
Ванда и Л-Ганте се многу блиски, а фаталната Аргентинка гостуваше и во еден од неговите прилично контроверзни спотови.
Во видеото Ванда е гола во кревет додека разменува нежности со популарниот музичар, по што одат на забава.
Музиката на овој рапер нема да им се допадне на сите, некои на социјалните мрежи ја нарекуваат катастрофална, но младиот музичар е многу популарен, па ова видео во првите 24 часа го погледнале околу четири милиони луѓе.