Фудбал
Ужасни вести за Милан, се работи за Ибрахимовиќ
Златан Ибрахимовиќ беше повреден неколку месеци, а се врати на мечот против Лацио викендов. Му беа потребни само седум минути на теренот, откако влезе во вториот дел, да постигне гол и да ја потврди победата на неговиот тим од 2:0.
Милан има три од три во новата сезона, а фановите беа среќни што тој се врати, со оглед на тоа дека утре му гостуваат на Ливерпул во ЛШ, каде „Росонерите“ се вратија во натпреварувањето по пауза од неколку сезони.
Сепак, денеска ужасна вест од Италија. Имено, медиумите на Апенините објавија дека Ибрахимовиќ нема да патува со тимот во Ливерпул и дека ќе го пропушти утрешниот натпревар поради повреда.
Новинарот Фабрицио Романо најави дека Ибрахимовиќ сигурно нема да игра утре бидејќи има проблеми со Ахиловата тетива.