Connect with us

Фудбал

Вад Дер Сар: Де Лихт го одигра последниот натпревар за Ајакс, се сели во Шпанија?

19 годишниот играч на Ајакс, Матијас Де Лихт, најверојатно ќе ја промени клупската боја од идната сезона.

Тој одигра маестрална сезона во која покажа дека е играч од висок профил и дека заслужува да игра во далеку поголема европска екипа.

Нешто слично најави и спортскиот директор на Ајакс, Едвин Ван Дер Сар.

„Мислам дека ова ќе биде последниот меч на Де Лихт во дресот на Ајакс, но се надевам дека ќе оди некаде повисоко. Тој е овде уште од дете, но сигурно ќе заврши во голем клуб, се надевам дека тоа ќе биде Англија или Шпанија“, констатира Ван Дер Сар.

За него од Англија постоеше интерес од Манчестер Јунајтед, бил заинтересиран и Ливерпул, а од Шпанија, Барселона била една од пореалните опции за негов трансфер.