Connect with us

Фудбал

Вака Мбапе бил уценет од сопствената мајка: Не се согласувам на помалку од 30 отсто!

Секогаш кога има преоден рок во Европа, зима или лето, мајката на Килијан Мбапе дури и го засенува својот син во светските медиуми. Повторно г-ѓа Фајза Ламари е во центарот на вниманието, погодувате – повторно поради сега веќе сигурниот трансфер на нејзиниот син во летото. Но, мајката си го бара делот!

Познато е дека Фајза Ламари го претставува нејзиниот син Килијан Мбапе и во фудбалските кругови е позната како тежок преговарач. А таа како да е таква во разговорот со синот – без милост.

-Му реков дека мора да даде најмалку 30 проценти од платата, дека нема да се согласам со ништо помалку или ќе се повлечам и ќе одам на Малдиви или некаде каде што ќе престанам да работам за него – рече Ламари при презентацијата на проектот „Инспириран од Килијан Мбапе“.

„На почетокот му реков дека мора да ми даде 50 отсто од приходите, но разговаравме и дојдовме до 30 отсто“, додаде таа.

Со споменатиот проект Мбапе и неговата мајка сакаат да им овозможат на младите таленти да имаат пријатен и нормален живот, без пожртвуваност, а токму францускиот фудбалер пред неколку дена истакна колку му недостасува тој нормален живот.

„Би платил многу пари за да можам да одам во пекара и да купам леб или да правам слични работи што ги прават нормалните луѓе. Ја изгубив спонтаноста“, изјави Мбапе.

Килијан Мбапе на лето ќе го напушти ПСЖ и најверојатно ќе премине во Реал Мадрид. Посакуваниот трансфер, како што сега стојат работите, не може да се расипе ниту со побогати договори во Саудиска Арабија.