Connect with us

SPORTM.mk

Вака никогаш не сте го виделе Лео Меси, тој страда во Барселона (ВИДЕО)

Во понеделникот наутро, фудбалерите на Барселона излегоа да тренираат во четири групи.

Од сите групи Лионел Меси беше сам.

Со заминувањето на Луис Суарез, но и повредата на Жерард Пике, тој остана сам.

Сликите снимени од „Ел Чирингито ТВ“, неколку пати со гестови направени од Лео, јасно покажуваат дека тој воопшто не е среќен.

Тој минува низ тешка сезона, најслаба во кариерата.

Лео постигнува гол ова издание на секои 125 минути, додека во сезоната 2018/19 тој постигнуваше со гол на секои 75 минути и 2019/20 гол на 115 минути.

Тој постигнува помалку, губи повеќе топки и е далеку од Меси што сме навикнати да го гледаме, сето тоа по вина на Жосеп Марија Бартоему, по она што се случи во текот на летото.

8 натпревари и само 3 гола во Ла Лига, покажуваат многу добро што се случува со Меси.