Connect with us

Фудбал

Ваква разлика Реал Мадрид во однос на Барселона последен пат имал 1987 година

За разлика од Барселона, која иако водеше со 3-0 од Селта во Виго на крајот освои само бод (3:3), Реал не дозволи изненадување против гостите од Ваљекано, па славеше со 2:1.

Реал по 12 кола има 27 бода, два повеќе од Реал Сосиедад и три од Севиља која има натпревар помалку. Што се однесува до Барселона, таа заостанува дури 10 бода зад лидерот од Мадрид.

Интересно, Реал има плус 10 по 12 кола во однос на лутиот ривал за прв пат по 1987 година. Така, поминаа 34 години откако Реал последен пат имаше двоцифрена бодовна предност пред Барса по 12 првенствени натпревари.

Според многумина, Реал сега е главен фаворит за титулата, во игра се уште екипи како Атлетико Мадрид, Сосиедад или Севилја. Сепак, многумина веруваат и дека Барселона ќе се врати на самиот врв по доаѓањето на Чави.

Тој ќе дебитира на клупата на Каталонците по репрезентативната пауза на градското дерби против Еспањол.