Connect with us

Фудбал

Ваква табела досега не сте виделе: Жирона прва во петте лиги, Јувентус втор… ПСЖ деветти, Манчестер Сити десетти

Жирона не се шегува! Мал клуб од Каталонија станува голем, па по се што е видено се повеќе се зборува за освојување на Ла Лига. Навистина, има уште многу да се направи до крајот на сезоната, но од почетокот на сезоната помина многу, па Жирона и понатаму е апсолутен лидер.

Жирона не е најдобра само во Шпанија. Пребројувајќи ги сите пет лиги, малиот-голем клуб од Каталонија има најдобар учинок – освоил најмногу бодови (52). Навистина, второто место на оваа несекојдневна табела – Јувентус има скор од 16 победи, четири нерешени и еден пораз, но она што паѓа во очи е фактот дека актуелниот европски шампион Манчестер Сити е само десетти.

Порталот Onefootball направи табела по учинокот на клубовите во нивните пет лиги. Единствен клуб без пораз е Баер Леверкузен, додека клуб со најмногу реми е Ливерпул. Сето ова потсетува на изгледот на табелата на пропаднатата европска Суперлига, но секако – ова рангирање сигурно немаше да биде доколку истакнати клубови играа меѓу себе. Како и да е – интересна опсервација. А за Жирона очигледно уште долго ќе се зборува.