Connect with us

Фудбал

Вакво понижување на фудбалер не може да се памети: Жртвата е несреќниот Хари Мегваер

Англиските медиуми донесоа информација дека Челзи е заинтересиран за ангажман на капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.

29-годишниот дефанзивец долго време беше под голем притисок на „Олд Трафорд“. Неговите игри станаа предмет на потсмев, но мора да се признае дека во дресот на Јунајтед, најскапиот дефанзивец во светот не покажа апсолутно ништо.

Интересот на Челзи за Мегваер ги изненади апсолутно сите. Тие се подготвени да го испратат Кристијан Пулишиќ во спротивна насока, а навивачите на Манчестер Јунајтед едвај ја дочекаа оваа вест.

Тие едвај чекаат да го видат грбот на капитенот на нивниот тим. Рекоа дека не им требаат пари, ништо, само да го одведат од Олд Трафорд.

„Купете го. Земете го бесплатно. Направете се за да го извлечете од Олд Трафорд“, гласи еден коментар на социјалните мрежи, додека друг навивач на Јунајтед додаде:

„Не можете да ја вратите купената стока“.

Навивачите на Челзи не се премногу среќни поради фактот што Мегваер би можел да заврши и во нивниот клуб.

„Подобро е да не е вистина. Зошто да си го направиме ова“, коментира еден навивач на Челзи, а друг има начин да спречи се.

„Некој да започне петиција да не го купува Хари Мегваер. Ве молиме немојте“, пишува навивачот на Челзи.

Треба да се истакне дека ова се само умерени коментари напишани од навивачите и дека имало уште многу брутални упатени кон капитенот на Јунајтед.

Хари Мегваер им се приклучи на „црвените ѓаволи“ во 2019 година. Тој пристигна од Лестер за рекордни 80 милиони фунти и стана најскапиот дефанзивец досега.

Вкупно, 29-годишниот фудбалер одигра 146 натпревари за гигантите од Театарот на соништата и постигна седум гола.