Фудбал
Валенсија ја има најлошата сезона во последните 40 години
Валенсија го има најлошото претставување во Ла Лига во последните четири децении. „Лилјаците“ во понеделникот вечерта загубија (0:1) од Хетафе во натпреварот од 22. коло на Примера, па останаа на 19. место на табелата, со само 20 бодови.
Во сезоната 1982-1983, Валенсија имаше 17 поени по 19 одиграни натпревари. Последен пат Валенсија беше надвор од шпанската елита во сезоната 1986/87.
Поразот од Хетафе беше петти последователен пораз на Валенсија во Лигата. Во следното коло од Примера тимот игра пред своја публика против Реал Сосиедад.
Valencia lost 1-0 to Getafe last night.
– Their 6th straight defeat in the league
– Collected only 20 points in 22 league games
– 19th position in the League table
– Worst position in the league table at this stage since 1982/83
– Fear of relegation for the first time since 1986 pic.twitter.com/wCbJQRSnsV— Football & Witball ⚽🎩 (@FootballWitball) February 21, 2023
Валенсија е шесткратен шампион на Шпанија и осумкратен победник на националниот куп. Во минатото клубот го освојуваше Купот на УЕФА, Купот на победниците на куповите, Суперкупот на Европа, а на почетокот на новиот век „бело-црните“ двапати стигнаа до финалето на Лигата на шампионите.
Со ваквите игри на тимот сериозно му се заканува испаѓање во Сегунда. Само Барселона, Реал Мадрид и Атлетик Билбао никогаш не испаднале од елитната дивизија.