Други спортови
Валентино Роси најави пензионирање од Мото ГП
Еден од најдобрите возачи во историјата на Мото ГП шампионатот, Италијанецот Валентино Роси, го најави своето пензионирање. Тој некогаш доминираше во „кралската класа“, но претходните неколку сезони не може да дојде до титулата паради доминацијата која ја има Марк Маркез. Роси овој пат ги разочара своите фанови откако го најави своето заминување во пензија, а тоа ќе се случи по истекот на договорот со тимот на Јамаха, на крајот на 2020 година.
Италијанецот потпиша нов двегодишен договор до тимот на Јамаха, но не е сугурен дали на крајот од 2020 година и понатаму ќе остане во светот на мотоциклизмот. Иако има 39 години јасно е дека не сака да замине туку-така, па се надева дека во наредните две сезони би можел да дојде до шампионската круна во „кралската класа“.
-Одлучив да потпишам нов договор кој ќе заврши на крајот од 2020 година. Се уште не знам дали ова е мојот последен договор како возач во Мото ГП, а за тоа ќе размислам кога ќе дојде време, сега не можам да ви ветам дека и понатаму ќе возам, истакна Роси.