Фудбал
Ван Дајк го прослави голот на Салах гушкајќи фудбалер на Интер
Ливерпул го победи Интер со 0:2 на првиот меч од осминафиналето од ЛШ. Реваншот се игра на 8-ми март. Но, по мечот вниманието го привлече дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Имено, кога Салах постигна гол за 2:0, а токму тој со глава ја спушти топката за Еѓипќанецот, Ван Дајк наместо со своите фудбалери да прослави, го гушкаше фудбалерот на Интер, Демфрис. Сепак, вреди да се напомене дека двајцата играат заедно во холандската репрезентација.