Фудбал
Ван Дајк може да го пропушти остатокот од сезоната поради скинат вкрстен лигамент
Ливерпул, 17 октомври 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ја повреди ногата против Евертон (2:2) во натпреварот од 5 .коло од Премиер лигата.
Според „Дејли мејл“ постојат информации дека по стартот на голманот на „карамелите“ Џордан Пикфорд, Ван Дајк, ги скинал вкрстените лигаменти на коленото.
Доколку медицинските снимки ја потврдат оваа информација, холандскиот репрезентативец може да го пропушти остатокот од сезоната, бидејќи закрепнувањето од таква повреда трае 7-8 месеци.
Ван Дајк оваа сезона одигра пет натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. зс/