Connect with us

Фудбал

Ван Дајк за Ругани и коронавирусот: Далеку е од мене!

Дефанзивецот на Ливерпул и ѕвезда на „Црвените“ Ван Дајк предизвика доста контроверзии во Англија со неговата изјава во врска со Даниеле Ругани од Јувентус и неговиот позитивен тест на коронавирус.

-Ругани? Не сум многу загрижен, тој е во Италија, а јас во Ливерпул.

Ваквата негова изјава се најде на удар на критики, иако тој дообјасни што сакал да каже.

-Има компетентни и надлежни луѓе, тие треба да носат одлуки. Ова не е под моја контрола, изјави Ван Дајк.