Connect with us

Фудбал

Ван Гал ја апострофира маната на Меси: „Тоа е нашата шанса!“

Луј ван Гал подготвува некаква одмазда за Аргентинците.

Како селектор на Холандија, тој беше елиминиран во полуфиналето на СП 2014 во Бразил од Аргентина по подоброто изведување пенали.

Тоа беше еден од најтешките порази во кариерата на Ван Гал, а осум години подоцна има можност да му се реваншира на Лионел Меси, кој сепак ќе биде главна закана.

Сепак, Ван Гал има план за најдобар играч во светот.

„Меси е убедливо најопасниот креативен играч. Тој е способен да создава шанси и да постигнува голови од ништо. Меѓутоа, кога ќе ја загуби топката или некој од неговите соиграчи не се труди да учествува многу, тие моменти ќе бидат наша шанса“ , рече Ван Гал.

Потоа се појави прашањето „како планираш да го запреш Меси?“, а неговиот одговор:

„Ќе видите во петок“.