Фудбал
Ван Нистелрој: Сонот на Гакпо беше да се пресели на Олд Трафорд
Тренерот на ПСВ Ајндховен и поранешен голгетер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој откри дека Коди Гакпо сонувал да се пресели на „Олд Трафорд“.
Јунајтед не реагираше навремено во зимскиот преоден рок и Холанѓанецот стана играч на Ливерпул во јануари
„Сонот на Гак беше да се пресели во Манчестер Јунајтед. Тој е во контакт со Тен Хаг од август. Му предложив да почека до летото, но тој го отфрли мојот совет и го послуша Вирџил ван Дијк“, изјави Руд ван Нистелрој и додаде:
„Исто така, сакав да ја продолжи кариерата во Јунајтед, не само затоа што играв за тој клуб, туку затоа што мислам дека тие се подобри од Ливерпул и нудат многу повеќе можности за своите играчи.
На 3 јануари Ливерпул го објави трансферот на Гакпо и потпиша со 23-годишниот напаѓач до јуни 2028 година. Коди Гакпо досега одигра шест натпревари за Ливерпул и се уште нема постигнато гол.
Ruud van Nistelrooy says Cody Gakpo's dream move was Manchester United, NOT Liverpool 🤭 pic.twitter.com/gWMW2TEyYO
— UF (@UtdFaithfuls) February 8, 2023