Фудбал
Ванда му направи нови проблеми на Мауро: Икарди ги замрси односите со ПСЖ
Мауро Икарди нема да ја заврши сезоната во ПСЖ.
Аргентинскиот напаѓач беше позајмен на францускиот шампион од Интер и одигра доста добро до паузата на првенството, постигнувајќи 17 голови на 26 настапи.
Сепак, Икарди нема да го носи дресот на ПСЖ следната сезона. Неговата сопруга и агент Ванда Нара го информираа раководството на овој тим дека не сакаат да останат во клубот и дека сакаат да се вратат во Италија.
„Gazzetta dello Sport“ тврди дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе донел одлука да го ослободи Икарди од сите обврски пред крајот на сезоната и дека неговиот заем веројатно ќе биде раскинат порано од очекуваното.
Желбата на Икарди е да се врати во италијанскиот фудбал. Јувентус го сака во својот тим, и многу е можно овој 27-годишен напаѓач да носи црнобелиот дрес на клубот од Торино.
Тој во последните шест и пол години го носеше дресот на Интер, постигнувајќи 124 гола на 219 натпревари, но тренерот на Интер, Антонио Конте не смета на него и Икарди ќе се најде на трансфер-листата.