Тајмаут
Ванда воодушеви маж во Аргентина со скап подарок, тој е во дилема дали да го задржи или продаде
Ванда Нара (35), сопругата на напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, воодушеви еден од најверните фанови.
Сопругата и менаџер на аргентинскиот репрезентативец е позната во Аргентина по великодушноста што ја покажува кон своите фанови, иако во Европа е претежно позната по разни скандали.
Млад човек од Буенос Аирес е поддржувач на Ванда повеќе од десет години, а таа сега му подари луксузна чанта Кристијан Диор, која чини околу 3.000 евра.
Среќниот Марино де ла Канал на социјалните мрежи објави фотографија со торбата во рацете која ја доби од Ванда и и се заблагодари за подарокот.
![]()
“Кога Ванда дојде во Буенос Аирес, ја сретнав и ми рече дека ќе ми испрати мал подарок за Божиќ. Не верував. Деновите минуваа и мислев дека заборавила. Се разбудив денес и ме поздравија од оваа божествена чанта од Диор. Не ми се верува. Занемев. Не знам дали да ја задржам или да ја продадам бидејќи е скапа“, рече тој.
Тој стана популарен во Аргентина пред неколку години кога за време на гостувањето на Ванда во телевизиско шоу секој ден одеше пред зграда на телевизија со постери посветени на Ванда, извикувајќи „Ванда, те сакам“, а тоа се исплатеше на крај.