Connect with us

Фудбал

Вардар ги претстави Јуфо и Талески

Фудбалскиот клуб Вардар ги претстави двете нови засилувања Виктор Нилдо Јуфо и Алекс Талески.

Бразилскиот интернационалец Виктор Нилдо Јуфо потпиша двегодишен договор со Вардар. За фудбалерот од средниот ред ова е втор предизвик во Македонија, откако претходно беше дел од Шкендија од 2015 до 2017 година. Последен клуб на 25-годишниот фудбалер му беше албански Фљамуртари.

Алекс Талески е фудбалер со македонско потекло роден во Австралија. Тој потпиша двегодишен договор со Вардар, со можност да биде продолжен на уште една. Станува збор за фудбалер роден на 17 јуни 2000 година, кој и игра во офанзивниот дел од средниот ред.

Претходно, Вардар е засили со Филип Најдовски и Дарко Мицевски.