Connect with us

Ракомет

Вардар ја стартува новата сезона во ЛШ, во Топ 3 најстари тимови

Се уште актуелниот европски првак, до декември, ја стартува новата сезона во ЛШ. Првиот меч го игра против Мешков Брест на гостински терен. Според информациите, завршени се сите тестирања на Ковид 19, нема позитивни, па со комплетен состав „вардарци“ ќе го одиграат овој дуел.

Секако противникот е фаворит, но Вардар покажал дека може да изненади.

Во пресрет на новата сезона ЕХФ објави неколку интересни бројки. На пример, Вардар е во Топ 3 екипи во новата сезона со најстар состав, односно просечна старост на играчите. Прв е Веспрем со просечна возраст од 30 години, следува Кил со 29,1 години, па Вардар со 27,7 просечна возраст. Кога е во прашање вистината, Вардар е на девето место со просек 192, 8 сантиметри, а на истата позиција се наоѓа и во конкуренцијата според тежината. Просечната тежина на Вардар е 93,8 килограми.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com