Connect with us

Ракомет

Вардар ја запиша првата победа во лигата на шампионите

Македонскo – европскиот ракометен првак Вардар, успеа да ја запише првата победа во Лигата на шампионите над Флензбург (31:26), во вториот натпревар оваа сезона.

Иако, вардарци не го започнаа најдобро натпреварот, а Флензбург со два гола го отвори мечот, но Вардар брзо се врати и направи пресврт и поведе со 4:2.

Се играше динамичен натпревар, па на полувреме беше 17:15 за Вардар.

Во второто полувреме имаше обид за враќање во игра на гостите, стигнаа до 19:19, но набрзо Вардар зголеми на 23:20, па продолжи со одличната игра за конечни 31:26.