Connect with us

Ракомет

Вардар на европскиот ракометен трон

Македонскиот шампион Вардар е нов европски ракометен шампион.Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).Македонскиот ракометен шампион заминува на заслужена пауза со пет гола предност. Одигра одлични 30 минути во финалниот меч од ракометната Лига на шампиони, против Веспрем, клубот кој многумина го сметаат за фаворит. Вистински кошмар за одбраната на Веспрем се брзите вардарови играчи. Одличен на голот е Дејан Милосављев, а одличен настап во првиот дел од натпреварот имаа Караџиќ, Дибиров, Стоилов, Кристопанс.