Connect with us

Фудбал

Вардар на турнејата во Словенија ќе одигра седум пријателски натпревари

За време на подготовките во Словенија, македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар ќе одигра седум пријателски натпревари. Противниците се веќе познати, а контролните мечеви почнуваат на 17 јуни и ќе траат до крајот на месецот.

Првиот противник на Вардар е тимот на Шампион од Цеље на 17 јуни. Три дена подоцна Вардар ќе ги одмери силите со прволигашот од истата земја Домжале. На 21 јуни, Вардар ќе спарингува против Марибор. Четири дена подоцна противник на „црвено-црните“ ќе биде рускиот тим Оренбург, а на 26 ќе играат со Балзан од Малта. На 29 јуни претпоследен противник на контролните мечеви во Словенија на вардарци ќе биде романски Херманштад, а ден подоцна се среќаваат со Цеље.

Експедицијата на Вардар на 1 јули се враќа во Скопје.