Ракомет
Вардар против Металург во полуфиналето
Одржана е жрепката за полуфиналните мечеви во Купот на Македонија во ракомет.
Вардар за противник во полуфиналето го доби тимот на Металург, а Еурофарм Пелистер ќе игра против Бутел.
Во женска конкуренција Куманово ќе игра против Металург, а Вардар против Чаир.
Машките полуфиналиња се играат на 14. мај, петок, женските се следниот ден. Финалињата во двете конкуренции се играат на 16. мај. Сите мечеви ќе биде во салата „Автокоманда“.