Ракомет
Вардар слетува денеска во 16.15 часот, прославата е веднаш потоа!
Ракометарите на Вардар со специјален чартер лет денеска ќе пристигнат во Скопје.
Според првичниот план, „црвено-црните“ требаше да пристигнат во главниот град нешто пред полноќ, но дојде до промена на планот. Според новиот лет, европските шампиони ќе слетаат на аеродром во 16.15 часот попладнево од каде веднаш ќе се упатат кон плоштадот Македонија на прослава на трофејот со навивачите.
SPORT1.MK