Connect with us

Други спортови

Вардарци со две екипи ќе не претставуваат на европската одбојкарска сцена

Одбојкарскиот колектив на Вардар со две екипи ќе ја претставува Македонија на европската сцена.

Имено ОК Вардар ги пријави женски и машки тим за настап во новата сезона на ЦЕВ Челинџ купот.

Минатата сезона машката екипа на Вардар беше единствениот македонски тим кој се пријави по пауза од една деценија, додека женската екипа ќе биде првата по пауза од речиси 15-тина години.

Потсетување дека двете вардарови екипи беа лидери на табелата во домашниот шампионат кој беше прекинат поради Корона вирусот.