Connect with us

Фудбал

Васоски промовиран во новиот тим, стартува првиот интернационален тренерски предизвик (ВИДЕО)

Македонскиот тренер денеска и официјално беше претставен како нов тренер на Сараево на прес-конференцијата, а првпат се обрати до медиумите по доаѓањето на клупата на клубот од Кошево.

“За мене е чест и задоволство да бидам препознаен од голем клуб како Сараево. Задоволство е, но и голема обврска, која можам да ја носам на моите плеќи. Првата цел оваа сезона е за клубот да оди во Европа и да го освои Купот, а долгорочно да воспоставиме млади играчи во првиот тим и зошто не и во репрезентацијата на БиХ. Овој проект заедно го туркаме напред“, рече Васоски на почетокот на прес-конференцијата.