Connect with us

Фудбал

Васоски замина од Вардар: Не можам повеќе да го носам товарот од таквото функционирање!

Александар Васоски одлучи да замине од Вардар. Трофејниот македонски клуб во вториот дел од сезоната ќе мора да бара нов тренер. Како што објави тој на социјалните мрежи, заминува неможејќи да го носи товарот од ваквото функционирање на клубот.

Благодарност до навивачите, управата, вработените во клубот, а највеќе до фудбалерите кои вложија натчовечки напори да се постигнат позитивни резултати. Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри, меѓутоа очигледно се нема звук и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот.  Неможејќи повеќе да го носам товарот на таквото функционирање, се повлекувам од тренерската позиција во Вардар. На клубот му посакувам најубаво во иднина!!!, напиша Васоски на својот профил на Фејсбук.