Фудбал
Васовски носи „свој фудбалер“ во Сараево-Треба ли да трошам зборови за него!
Според информациите на босанските медиуми, македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски ќе се приклучи на експедицијата на Сараево, каде се подготвува за пролетниот дел од сезоната.
Медиумите потсетуваат дека Аврамовски се поврза со доаѓањето во овој клуб веднаш штом на клупата на Сараево седна Александар Васоски, кој им го препорача овој фудбалер на челниците на Сараево.
„Да, точно е дека им го препорачав Аврамовски на челниците на Сараево. Дали треба да трошиме зборови за претставникот на нашата земја“, рече тогаш Васоски и додаде:
„Имавме одлична соработка во Вардар и сакам да дојде во Сараево. Има контакти, а преговорите се во почетна фаза. Ќе видиме дали ќе се постигне договор.
Аврамовски е без клуб од септември откако ја раскина соработката со турскиот Кајзериспор каде мина една сезона.