Фудбал
Важеше за талент, стигна до репрезентативен дрес на Италија, а сега на 26 години доби работа како возач на трамвај во Милано
Поранешниот младински репрезентативец на Италија кон средината на декември и официјално беше ангажиран како возач на трамвај на 26-годишна возраст.
Симоне Петричиуоло беше голема надеж на италијанскиот фудбал за младинските селекции, играше и за У17 репрезентацијата на Италија, но неговата кариера не тргна во посакуваниот правец.
Петричиуло започна да тренира фудбал во Неаполската фудбалска школа Маријано Келер заедно со Роланд Мандаргор, добро познато име за навивачите на Серија А.,

Потоа замина во Бари, каде по само една година направи исчекор и стана член на кадетската селекција на Рома. Добрите игри на таа возраст му овозможија повик во репрезентацијата до 17 години.
Потоа играше на дуелот против Германија. За Германците во тоа време играа таленти кои во меѓувреме станаа ударна сила на Баерн како Гнабри, Горецка и Суле.
После тоа смени уште неколку клубови за да потпише за Авелино со кој исто така стигна до Серија Б како тинејџер. Мечот на животот го одигра во дресот на Авелино. Тоа беше во Купот на Италија против Аталанта во 2014 година.

„Газета дело спорт ми даде 6,5. Сè уште го чувам весникот“, изјави Петричиуоло, кој на тој меч го чуваше Леонардо Спинацоло, играч кој лани „експлодираше“, но имаше несреќна повреда на Европското првенство.
Неговиот следен чекор беше клубот на Аверс Норман со кој играше во Серија Ц. Во тој ранг на натпреварувањето смени уште неколку клубови.
Следуваше дополнителен пад. Заврши во аматерскиот тим Сарнезе каде играше одлично, но немаше покани од посилни редови, па на 23 години се прости од фудбалот.
“Понекогаш ме фаќа носталгија. Никогаш не сум бил феноменален, но сум добар играч, дефанзивец со брзина. Кога ќе видам кој игра во Серија А, мислам дека и јас можев да бидам таму”, изјави Италијанецот.
Италијанецот сега има 26 години и реши да го работи она што што го работеше неговиот дедо. Тој стана возач на трамвај во Милано. Како момче сонуваше за фудбал, но судбината имаше поинаков план за него.