Фудбал
ВАЖНА ВЕСТ ако ја бодрите Македонија од трибини, Романија објави правилник за патување во Букурешт!
Доколку планирате да ја бодрите нашата фудбалска репрезентација на Европското првенство, овие информации кои денеска ги објави романската фудбалска репрезентација мора да ги знаете.
Романија како и сите други земји има своја листа на земјите кои се ризични поради коронавирус, па така секоја држава е дел од зелена, жолта или црвена зона.
Последниот извештај вели дека Македонија е дел од ЗЕЛЕНАТА ЗОНА. Тоа значи дека за македонските фанови ќе важат следните правила:
-
Патниците кои пристигнуваат од земјите класифицирани во „зелена“ зона, можат да влезат во Романија без да бидат приморани на изолација или ПЦР-тест.
Гостите од „ЦРВЕНАТА“ и „ЖОЛТАТА“ зона ќе бидат приморани да покажат негативен ПЦР-тест или пасош со кој што ќе докажат дека имаат примено вакцина.
Посебни правила за деца
-
За деца на возраст под три години, не е потребно да се обезбеди негативен резултат на ПЦР-тест.
-
Деца на возраст помеѓу три и 16 години ќе мора да покажат негативен RT-PCR тест (тестот мора да се изврши не повеќе од 72 часа пред да влезат во Романија).
Македонија ќе одигра два меча во романската престолнина во групната фаза од Европското првенство.