Connect with us

Фудбал

Вечерва дерби Интер-Милан, лоши вести за Пиоли, нема да игра Ибрахимовиќ, но и уште еден важен играч

Вечерва во 18:00 часот е дербито Мадонина, помеѓу Интер и Милан. Тренерот на „Росонерите“ Пиоли нема добри вести. Здравствениот билтен не е најдобар, а што е полошо нема да играат двајца многу важни фудбалери.

-Во тимот нема да бидат ниту Златан Ибрахимовиќ, ниту Анте Ребиќ. Од друга страна, на Томори му оди добро и би можел да биде во тимот. Оливие Жиру е важен играч и тој е подготвен за игра, изјави Стефано Пиоли.

-Мораме да докажеме дека имаме сила и волја во тешки моменти, жал ни е што Ибра нема да биде таму. Многу напредувавме благодарение на него, сега треба да се докажеме без него“, изјави Пиоли.