Connect with us

Фудбал

Вечерва Дерби на Италија, а Јувентус со големи проблеми!

Фудбалерите на Јувентус вечерва од 21 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ го играат реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија против најголемиот ривал Интер. „Бјанконерите“ речиси сигурно во „Дербито на Италија“ ќе останат без српскиот центарфор Душан Влаховиќ, кој го изврте зглобот на последниот тренинг пред патувањето во Милано. Оваа информација на прес-конференцијата ја потврди тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. „Денеска Душан Влаховиќ го изврте зглобот, па нема многу шанси да биде подготвен за утрешниот натпревар“, рече тој. Алегри не може да смета ниту на Кеан, но и Квадрадо кој има црвен картон. Како класичен напаѓаќ останува само Милик.

Во Торино се одигра првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија, кој заврши со резултат 1:1.