Connect with us

Фудбал

Вечерва ќе ги дознаеме најдобрите во македонскиот фудбал, ова се номинираните

Фудбалската федерација на Македонија на гала манифестација во Македонскиот Народен Театар (МНТ) вечерва од 19:00 часот ќе ги додели наградите и признанијата за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2018/2019.

Во шеснаесет категории ќе бидат прогласени најдобрите за изминатата фудбалска сезона.

Номинирани за најдобар фудбалер во МФЛ:

Владица Брдаровски (Вардар),

Висар Муслиу (Шкендија)

Љупчо Дориев (Академија Пандев)

Номирани за најдобар тренер во МФЛ се:

Ќатип Османи (Шкендија)

Југослав Тренчовски (Академија Пандев)

Александар Васоски (Вардар).

Вечерва ќе бидат прогласени и најдобрите во младински и женски фудбал, потоа најдобриот тренер и играч во футсал, најдобар стрелец во МФЛ, а ќе им се доделат и признанија на истакнати фудбалски работници за придонес во развојот на македонскиот фудбал. Секако, на манифестацијата ќе биде доделена наградата и за најдобриот македонски репрезент во странство.

Прогласувањето на најдобрите во македонскиот фудбал ќе се емитува и во директен пренос на МТВ Собранискиот канал со почеток во 19:00 часот.