Connect with us

Фудбал

Вечерва Милано ќе гори, кој и да победи, неколку часа пред мечот атмосферата се загрева (ВИДЕО)

Интер и Милан вечерва во 21:00 часот го играат реваншот во полуфиналето во ЛШ. „Нероаѕурите“ имаат 2:0 од првиот меч, па вечерва ќе имаат полесна задача, условно речено бидејќи се домаќин. Сепак, ова е дерби и ништо не е готово до последниот свиреж на судијата. Милан сака реванш, посакува финале, но сепак имаат пред себе тешка мисија. Едно е сигурно, кој и да победи вечерва Милано ќе „гори“ бидејќи во јуни во Истанбул ќе има тим кој ќе игра во финале.

Иако мечот се игра во 21:00 часот, во текот на целиот ден атмосферата во Милано се загрева. Низ градот, можат да се видат двете навивачки групи како пеат навивачки песни, иако оние на Интер се побројни.