Connect with us

Фудбал

Вечерва натпревар од италијанската Серија А ќе се игра само 18 минути, еве зошто!

Серија А продолжува вечерва со натпреварот меѓу Удинезе и Рома, но на сосема невообичаен начин бидејќи дуелот ќе се игра само 18 минути. Натпреварот кој се играше минатата недела, беше прекинат во 72. минута поради ужасна сцена. Фудбалерот на Рома, Еван Ндика колабираше на теренот, имаше минути на паника и вознемиреност, но на крајот се испадна на најдобар можен начин.

Дефанзивецот на Рома е хоспитализиран, а животот му го спаси брзата реакција на лекарите и официјалните лица на натпреварот. Се испостави дека тој немал проблем со срцето, но изгубил свест поради претходен удар во текот на играта. Дуелот веднаш беше прекинат и беше одлучено таа вечер да не се игра на самиот север на Италија. Двата тима ќе ја продолжат пресметката вечерва од 20 часот, а челниците на Серија А се решија на сосема неочекуван потег – играта ќе продолжи од 72. минута.