Connect with us

Ракомет

Векиќ пронајде нов клуб, ќе настапува за Кринс во Швајцарија

Авантурата на Векиќ во Вардар заврши релативно брзо, а од денес тој има нов клуб. Во иднина Векиќ ќе го носи дресот на Кринс од Луцерн кој го промовираше како нивно ново засилување.

Сега, Векиќ има нов клуб, откако Кринс од Луцерн го промовираше како ново име во ростерот. Хрватскиот бек парафира соработка на две сезони со швајцарската екипа, со која ќе игра во најсилната лига на оваа земја. Во минатата сезона Кринс играше во полуфиналето на плеј-офот, каде што загуби од вицепрвакот Кадетен Шафхаузен.

Кринс минатото лето беше ривал на Металург во квалификациите за пласман во Европската лига на ЕХФ и беше поразен во двомечот.

Facebook