Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Величенствено збогување на Торес од Атлетико Мадрид

Фернандо Торес имаше прекрасен збогување вечерва од Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ во последниот натпревар од сезоната ремизираа дома против Еибар (2: 2), а Торес постигна двата гола за својот тим.

Еибар постигна гол во 35. минути преку Кике, но седум минути подоцна „Ел Ниџа“ израмни на 1: 1.

Торес постигна постигна гол за 2-1 во 60. минута, а потоа Лукас доби црвен картон и го остави Атлетико на цедило. Тоа го искористија гостите и преку Пена стигнаа до гол во 70-тата минута.

Легендарниот напаѓач на навистина одличен начин се збогува со Атлетико, а наскоро ќе се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Секако, навивачите на домашниот тим му го разубавија последниот натпревар во омилениот тим, и од трибините на Ванда Метрополитана доби голема благодарност.