Connect with us

Фудбал

Венгер се враќа со стил?

Се уште се чека Реал Мадрид да ја откаже соработката со Јулен Лопетеги, но не е познато кој ќе го наследи.

Се шпекулира за различни имиња, а сега француските медиуми пишуваат дека на клупата би можел да седне Арсен Венгер.

Пред Венгер, се пишуваше за Конте, Мартинез и Мурињо, но не е исклучено некогашниот тренер на Арсенал да седне на „жешката“ клупа на Реал.

Венгер по завршувањето на мината сезона го напушти Арсенал после 22 години и од тогаш е без ангажман, и покрај тоа што се зборуваше дека може да седне на директорската позиција во ПСЖ.

Своевремено Реал имаше намера да го донесе Венгер, но тогаш тој беше верен на Арсенал, а сега е слободен и ако Флорентино Перез навистина сака, не е невозможно токму тој да го наследи Лопетеги.

Реал во серија од пет натпревари е без победа и со заминувањето на Зинедин Зидан и Роналдо како доста работи да се промениа на полошо, па сега треба цврста рака и вистински момент. Ќе видиме на кој ќе падне одговорноста и товарот.