Connect with us

Фудбал

Верати: Италија не може да си дозволи да го пропушти Светското првенство во 2022 година

Мора да имаме верба и ентузијазам како на Европското првенство“, изјави италијанскиот репрезентативец Марко Верати на прес-конференција пред плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Италија во четврток вечер во Палермо ќе се соочи со Македонија, а доколку успее ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Португалија и Турција.

„Секој во тимот има различна ситуација во своите тимови, но кога сме заедно во репрезентацијата даваме се од себе. На Европското првенство освоивме нешто неверојатно, играјќи со ентузијазам и радост. Луѓето се уште зборуваат за нашиот триумф и сега нашите противници повеќе се плашат од нас“, изјави Верати.

„Екипата на Македонија се брани длабоко на половина и затоа мораме да внимаваме на нивните контранапади. Притоа, не смееме да наоѓаме слободни простори за да им создаваме проблеми. На тренинзите работиме на тактика. Не смееме да си дозволиме да го пропуштиме Светското првенство. Знаеме дека ова е многу важен момент“, изјави Марко Верати.

„Кога пристигна Роберто Манчини бевме во лош момент, а тој не доведе до победата на ЕП 2020. Сега ќе направиме се што е можно за да се пласираме во Катар“, додаде Верати.

Тој беше дециден дека треба да се поддржи голманот Џанлуиџи Донарума по испаѓањето на Пари Сен Жермен од Лигата на шампионите и киксот кој го направи во реваншот од осминафиналето против Реал Мадрид.

„Кога ќе стапнеш на базата, забораваш на се што се случувало претходно – поразите на клупско ниво. Се сеќавате само на она што го постигнавме минатото лето. Донарума е разочаран од киксот против Реал, но Џиџо е посебно момче. Следниот ден работеше напорно со својот познат ентузијазам. Да не заборавиме што направи за Италија за време на Европското првенство. Тој е еден од најдобрите голмани во светот“, заклучи Марко Верати.