Connect with us

Фудбал

Вербалната пресметка по натпреварот ја запечати судбината на Озил во репрезентацијата

Месут Озил е прогласен за еден од главните виновници за испаѓањето на Германија од Светското првенство во Русија.

Фудбалерот на Арсенал веќе долго време игра навистина катастрофално, а навивачите на Германија се уверени дека веќе нема никаква желба за настап во националниот дрес.

По поразот од Јужна Кореа (2:0) и испаѓањето од Мундијалот, некои поединци одлучија се да му кажат во лице на Озил. Кога го напушташе теренот почнаа да го навредуваат на што и тој им возврати.

Дојде до вербална пресметка, а соиграчите и стручниот штаб на Германија, нервозниот фудбалер го одведоа во соблекувалната.

Вчерашниот натпревар за Озил може да биде и последен во дресот на репрезентацијата затоа што навивачите одамна не сакаат да го видат во овој дрес.