Фудбал
Вернер: Англиската лига е најсилна во светот, ме спуштија на земја
Тимо Вернер не се снајде најдобро во дресот на Челзи.
Тој постигна само пет погодоци на 24 натпревари во Премиер лигата и ја коментираше целата ситуација за германските медиуми.
„Кога имате толку лоша серија, тие не ве сметаат за добар напаѓач. Најјакиот фудбал се игра во Англија. Тоа е најдобрата и најсилната лига во светот. Тешко е против сите тимови. Ме спуштија на земја, но на мене е да продолжам да работам и да ги поправам недостатоците“, рече Вернер.